Пике со кандидатура за претседателската функција во Барселона: Кам бек на легендите во раководството на Каталонците?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите дефанзивци на светот, Џерард Пике, ќе се прости од фудбалот на крајот на следната сезона и ќе ја посвети кандидатурата за претседател на Барселона, најави Мундо Депортиво.

Иако има само 31 година, Пике сака да игра само уште една сезона откако потполно ќе ја посвети кандидатурата за претседател. Изборот ќе биде оддржан 2021. година, а споменатиот шпански весник пренесува дека Пике веќе има планови како и што сака да промени во клубот.

Околу себе би ги собрал клупските легенди и бившите соиграчи како Пујол, Чави и Иниеста. На Пујол би му ја доделил позицијата технички директор, а Чави и Иниеста би ги имале тренерските функции.

Интересно, неговата намера би била и комерцијализација на „Камп Ноу“ кој во иднина би можел да се вика „Вака Вака Камп Ноу“. Исто така во план е и изградба на кошаркарска сала, како и основање на тениска секција.