Пирло жестоко обвини двајца фудбалери за неуспехот на Интер: Треба да му помогнат на тимот, а тие не покажаа – ништо!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот фудбалер на Милан и Јувентус, Андреа Пирло критикуваше двајца фудбалери на Интер, откако италијанскиот клуб беше елиминиран од Лигата на шампиони.

Навивачите на „нераѕурите“ беа незадоволни по мечот против ПСВ (1-1), а еден од тие кои јасно порачаа во што е проблемот беше Андреа Пирло. Италијанецот ги обвини Иван Перишиќ и Раџа Наинголан.

„Во овој момент Интер има два проблеми, а тоа се Перишиќ и Наинголан. Перишиќ очигледно не е подготвен и не може ништ да направи, а Наинголан требаше да биде важно засилување, но досега не покажа ништо“, кажа Пирло.

Интер своето натпреварување ќе го продолжи во Европа во пролет во нокаут-фазата на Лига Европа.