Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Украинскиот боксер, Владимир Кличко откри дека подготвил план кој е составен од 5 чекори со кои би требало повторно да стане најдобар боксер во тешка категорија.
Кличко без титула остана минатата година по поразот од Тајсон Фјури, а нареден ривал ќе му биде Ентони Џошуа, кој го предизвика во борба за титулата во ИБФ верзијата. Влогот во тој натпревар, кој ќе биде одржан на 29 април на „Вембли“, ќе биде и титулата во ВБА.
Во најава за натпреварот со Џошуа, Кличко изјави дека фактот дека не се борел од поразот од Фјури е негова предност. Се очекува дека таа борба ќе привлече голема посетеност.
„Во првиот чекор, моја цел е да станам троен светски шампион. Се воздржував година и пол, а тоа е прв пат во мојата 26-годишна кариера. Вториот чекор се последиците. Кога ќе победам во овој натпревар, ќе му помогнам на Џошуа да се врати.“
„Во третиот чекор, потребен ми е начин да ја достигнам формата. Поради тоа за спаринг партнери ќе имам директни ривали кои ќе сакаат да ме нокаутираат на тренинг. Џошуа и јас бараме исти противници.“
„Четвртиот чекор ќе биде стоењето во средина на стадионот, а шампионските појаси ќе ми бидат во рацете. Петиот чекор, кој е најважен за мене, е мојата желба да станам светски шампион.“
Кличко предизвика реакции со тоа што ја призна важноста во борбата со Џошуа, иако неговите натпревари со Дејвид Хеј и Александер Повјеткин беа исто толку важни и големи.