Платини: ВАР-технологијата ја оштети Хрватска во финалето!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мишел Платини, поранешниот претседател на УЕФА, беше избркан по скандалот со корупција, а тој се бореше против видео-техниката и додека беше на својата функција.

Денес смета дека ВАР не донел повеќе правда во спортот.

„ВАР не донесе правда на фудбалот. Ја познавам ФИФА, нивната работа е да се најде статистика која им одговара. Во финалето на Светското првенство се користеше ВАР, но при првиот гол на Франција немаше прекршок. При пеналот службеникот на ВАР го повика судијата кој стана кукла. Се поставува прашањето, дали беше рака или не? Хрватска вели – НЕ, а Франција бара пенал. Со ова го убиваме фудбалот, како што се случи тоа со велосипедизмот и Формула 1“, вели Платини.