Плеј-аут – Охрид му се одмазди на Струмица


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кошаркарите на Охрид на домашен терен ја победија Струмица во плеј-аут натпреварот, 80:77.

Во воведните минути од натпреварот се менуваа водствата на двете страни. Јокиќ постигна пет поени, а Макенаџиев два за 7:12. Брчков со четири поени во низа зголеми на плус шест за струмичани, 12:18. Донески погоди тројка и двојка за намалување на негативата на Охрид на само еден поен, 17:18. Охриѓани со поени на Кајлен во последната минута од првата четвртина стигнаа до водство, 21:20.

Со петте поени во низа на Стефановски, Струмица стигна до водство од 29:34. Домашните постигнаа пет поени во низа и го израмнија резултатот, 34:34. Кајлен три секунди пред крајот на првото полувреме постигна два поени за водство на Охрид на полувреме, 38:36.

Охрид влезе фуриозно во третата четвртина и стигна до првото двоцифрено водство на натпреварот, 49:36. Гостиет го намалуваа водството, а Јокиќ и Богоев погодија за 53:46. Макенаџиев со тројката и Богоев со своите два поени намалија на пет негатива, 56:51. Во последните десет минути од натпреварот Охрид влезе со водство од четири поени, 58:54.

Стефановски и Брчков го изрмнија резултатот, 61:61. Три минути пред крајот на натпреварот Макенаџиев погоди тројка за 71:71. Јанески и Брукс погодија за плус четири за Охрид, 76:72. Домашните преку Брукс и Кајлен зголемија на плус шест, 80:74. Охрид на крајот победи со 80:77.

Брукс со 32 поени го предводеше Охрид до победа. Кајлен додаде 17, Михајловски и Донески по 10 поени. Кај гостите најмногу се истакна Јокиќ со 21 поени. Брчков постигна 16, Стефановски 14, Макенаџиев 12, а Богоев 10 поени.