Плишкова и Стрицова го освоија Фед Купот за Чешка


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Тениската репрезентација на Чешка ја одбрани титулата во Фед купот, со победа со 3:2 во финалето против Франција. Тенисерките од Чешка 3-та година по ред ја освојуваат титулата, а до 10-от триумф во историјата стигнаа со пресврт, бидејќи Франција водеше со 2:1.

    Одлучувачкиот поен Чешка го освои благодарение на Плишкова и Стрицова со победа во двојки против Гарсија и Младеновиќ. Тие беа подобри со 7:5 и 7:5 по 2 часа и 8 минути игра.

    Претходно Стрицова ја победи Корне и израмни на 2:2. Стрицова на теренот ја замени Квитова и против Корне, која беше избрана наместо Младеновиќ и победи со 6:2 и 7:6.

    Во првиот натпревар, Гарсија донесе предност од 2:1 за Франција со победата против Плишкова со 6:3, 3:6 и 6:3.

    По првиот ден натпреварувањето беше 1:1. Плишкова беше подобра од Младеновиќ во натпревар кој траеше скоро 4 часови, а Гарсија израмни со победа во 2 сетови.