Побарал трансфер во јануари: Ѕвезда на Јуве жали што не заминала од клубот!?


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала летово се поврзуваше со многу европски гиганти, но на крајот реши да остане во Јувентус.

Кога Кристијано Роналдо потпиша за „Старата дама“ беше јасно дека еден од напаѓачите ќе мора да замине, а тоа на крајот беше Гонзало Игуаин, кој потпиша за Милан.

Италијанските медиуми денеска објавија дека Дибала не е задоволен со улогата во екипата, откако пристигна Роналдо. Аргентинецот верувал дека ќе биде во нападот со Португалецот, но засега Масимилијано Алегри повеќе му верува на Марио Манџукиќ.

Наводно, Дибала покажал незадоволство, па посакал да замине во јануари. Дибала во последниот ден од преодниот рок имаше понуда од Реал Мадрид, но реши да остане во Јувентус.