„Победите против Надал ми вредат двојно“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Швајцарецот Роџер Федерер уште еднаш потврди дека Шпанецот Надал го смета за свој најтежок противник.

Федерер во понеделник се врати на Хопман купот по 6 месеци пауза. По поразот од Раониќ во ½-финале на Вимблдон, освојувачот на 17 Грен Слем титули објави дека ја завршил сезоната.

Пред почетокот на Хопман купот тој одговараше на различни прашања, а во едно кажа кој му бил најтежок противник.

„Би го избрал Надал. Мислам дека поради начинот на кој играше, на кој и понатаму игра, против мене работата ја правеше многу тешка. Покрај тоа, верувам дека одиграв премногу натпревари на земја со него и тоа ме плашеше.“

„Неговиот борбен дух и професионалност во играта ги сакам навистина и секогаш ми беше тешко против него.“

Федерер и Надал имаат играно 34 пати, а Федерер победи 11 пати.