Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Скај Спортс“ пренесува дека Гери Кејхил веројатно ќе остане во редовите на Челси и покрај тоа што воопшто не е во плановите на Маурисио Сари.
Најдобриот англиски спортски медиум објави дека дури три тима биле заинтересирани за Кејхил, но ниту еден не сакал да ја плати побаруваната плата од 33 годишниот дефанзивец.
Монако, Јувентус и Фулам отвориле официјални преговори со претставниците на Гери Кејхил, но истите не вродиле со плод, па поранешниот англиски репрезентативец ќе остане во Челси до крајот на сезоната, а потоа ќе побара нова средина како слободен агент.