Повеќе нема сомнеж: Потврдено е дека Мурињо останува на кормилото на „Ѓаволите“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо останува тренер на Манчестер Јунајтед. Ако постоеше и најмал сомнеж дека по поразот од 3:1 од Ливерпул, Португалецот би можел да ја напушти клупата на „Црвените ѓаволи“, сега е згаснат.

Како што дознава британски „The Guardian“, 55-годишниот тренер може мирно да продолжи со својата (не) работа да го води најбесмислениот тим во Европа.

Поразот од Ливерпул, Јунајтед го остави на 19 бодови зад лидерот, а 11 зад Челси кој го држи последното место кое води во Лигата на шампионите следната година. По 17 натпревари, екипата на Мурињо има гол разлика рамна на нула, а брои пет порази и седум победи. Тоа е најслаб старт на најтрофејниот англиски клуб од 1990. година.

Пред Јунајтед сега е еднонеделен одмор и шанса за рекапитуалција по што им следи дуелот против Кардиф во Карабао Купот.