Повеќе од дерби: Навивач на Бирмингем втрча во терен и го нокаутираше Грилиш! (ВИДЕО)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Во текот на градското дерби меѓу Бирмингем и Астон Вила, кое се игра во рамки на 36 коло од англискиот Чемпионшип.

Дуелите Бирмингем и Асстон Вила се посебна приказна поради жестокото ривалство на навивачките групи, а тоа можеше да се забележи и денеска на стадионот „Сент Ендру“.

Еден навивач на Бирмингем влезе на теренот, а потоа го нокаутираше Џек Грилиш, по што се создаде голем метеж, но страстите набрзо се смирија.

Овој потег дополнително ќе ја подгрее атмосферата на теренот и трибините, па останува да видиме што ќе се случи до крајот.

А, навивачот дефинитивно ќе се соочи со жестока казна, па ќе му биде забрането влегување на стадионот, а можеби ќе мора да лежи и во затвор неколку дена.