Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Ренџерс вчера на свој терен го победија лутиот ривал Селтик со 1-0 во најголемото шкотско дерби.
За Ренџерс ова беше прва победа против ривалот по шест години, а атмосферата на трибините и овојпат беше неверојатна.
Стивен Џерард може да биде задоволен со играта на својата екипа, која заслужено победи. А, дека ова беше дуел на два лути ривали можеше да се забележи во секој напад.
Тоа го покажува и деталот кога судијата ја прекина играта поради повреда на фудбалер на Селтик, а Ренџерс според фер-плеј требаше да ја вратат топката. Но, тоа не се случи.
That drop ball was something of pure beauty ?? pic.twitter.com/vrYq1Dh2Hu
— Matt Jones (@WafcMatt3) December 29, 2018