Повеќе шутеви и полесна транзиција: НБА-лигата ги смени правилата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Управата на НБА-лигата вчера едногласно го поддржи предлогот на Комисијата за натпреварување за промена на правилата пред новата сезона, а истите треба да ја забрзаат играат и да им овозможат на тимовите поголем број шутеви по натпревар.

Ќе има три нови правила, а најважно е времето за напад. Екипите по офанзивниот скок ќе имаат 14 секунди да шутираат наместо досегашните 24, па така дополнително би требало да се забрза играта.

Правилото за сопирање на противнички играч кој има отворен пат кон кошот во транзиција сега ќе биде построго, зашто судиите ќе може да досудат прекршок доколку е направен на било кој играч во транзицијата со или без топка.

Третата промена се однесува на проширување на дефиницијата „непријателски потег“, кој ќе им овозможи на судиите да ги прегледуваат снимките и да ја потврдат казната за сите играчи и тренери кои во текот на дуелот ќе влезат во конфликт со играчите и тренерите на противничките екипи, навивачите или судиите.