Повремен ерменски репрезентативец се пресели во Работнички


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екипата на Работнички промовираше две нови засилувања на последниот ден од преодниот рок.

„Романтичарите“ беа најактивни на трансфер пазарот оваа зима, па во последниот ден од трансфер периодот официјализираа уште две нови имиња со што бројката на нови играчи во тимот стигна до десет фудбалери.

Ерменецот Давид Манојан е најново име во таборот на Работнички. 28 годишниот играч настапува на офанзивните позиции во средниот ред и доаѓа како замена за Барбоса кој иако беше промовиран во клубот нема да го облече дресот на Работнички следнава полусезона.

Манојан во Работнички дојде од тимот на Сандечја кој настапува во втората по ранг лига во Полска. Во кариерата со успех ги носел дресовите на Пјуник, Кармиотиса, Неа Саламина и Алашкерт.

Последен натпревар за репрезентацијата на Ерменија му е во 2017 година во поразот од Полска со 6:1.

Манојан важел за голема надеж на ерменскиот фудбал, бил пред трансфер во Штутгарт, но бројните повреди го спречиле неговиот напредок.

Неколку часа пред претставувањето на Манојан беше презентиран и Бојан Ѓоргиевски кој дојде од тимот на Камза од Албанија.