Повторно е актуелен Украинецот! Тотенхем, Евертон и ВБА се активираа, Динамо бара 10.5 милиони евра!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имавме трансфер сага со Јевхен Конопљанка – ја затворивме. Имавме идентична приказна и со Сеидо Берахино. За среќа на сите – и тоа заврши. А во денот кога изгледа повторно е отворен фронт за напад на Андреј Јармоленко ред е да напишеме – се надеваме дека и оваа сапуница ќе заврши!

Добро информираниот британски таблоид Сан, како и неколку руски медиуми, денеска објавија поглавје „Јармоленко“ повторно е отворено и дека старите купци повторно го обновија интересот за најдобриот играч на киевски Динамо!

Тотенхем, наводно, прв застана во редот за потпис на украинскиот крилен напаѓач. Одма зад Пејачите се јавија и претставниците на Вест Бромвич Албион, а  недолго потоа и челниците на Евертон.

Причината за тоа е што првиот човек на Динамо Игор Суркис откри дека клубот ќе ги прифати сите понуди кои ќе бидат барем 10.5 милиони евра.

Јармоленко во октомври 2015 година парафираше нов договор со Динамо, по кој заработува околу 4.7 милиони евра, без бонус. Беше еден од главните ликови на трансфер пазарот во последните година дена, но досега ниту еден клуб не успеа прв да целта.

Агентот на Јармоленко, наводно, одма ги постави условите дека платата мора да биде барем 110 000 евра неделно. А Тотенхем, ВБА и Евертон секако имаат финансиска можност тоа да го обезбедат.

Гледајќи на годишно ниво, тоа ќе биде зголемување на платата од милион евра. Прашање е само – каде ќе замине?

Јармоленко во оваа сезона беше на теренот во 19 мечеви. Пет пати беше стрелец, а во четири наврати асистент.