Повторно проблеми за фудбалерот на Севиља!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерот на Севиља, Мајкл Крон Дели ќе отсуствува неколку месеци од теренот откако имаше операција на коленото, втора за само 9 месеци.

Крон Дели не се чувствуваше добро на тренинзите во текот на неделата, а прегледите покажаа дека станува збор за повреда на коленото.

Данскиот фудбалер во април 2016 година го повреди левото колено во натпреварот против Шахтјор во ЛЕ. Тој влезе во последната фаза на рехабилитација кога го повреди второто колено.

Од Севиља изјавија дека Крон Дели бил опериран во Мадрид и дека враќањето на теренот ќе зависи од тоа како ќе реагира коленото во наредните денови.

Крон Дели во тимот дојде во 2015 година од Севиља.