Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Контроверниот менаџер Мино Рајола планира да го врати Пол Погба во Јувентус и тоа во јануари, односно да се пресели таму на позајмица, а во лето да биде откупен.
Сумата за трансфер, наводно, ќе изнесува 80 милиони евра, а то ја прави цела приказна нереална, зашто тешко дека „црвените ѓаволи“ ќе се откажат толку лесно од својот фудбалер.
Постои и втора опција, а тоа е Јувентус да мора да го прати и Алекс Сандро во Манчестер, но притоа и 50-60 милиони евра.
Од друга страна, Јунајтед бара 150 милиони евра за својот фудбалер, а за него освен Јувентус, интерес покажаа и Барселона и ПСЖ.