„Погба, користи го мозокот малку повеќе!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Погба ја освои титулата со Франција на Светското првенство во Русија, а постигна гол во последниот натпревар против Хрватска, кога Французите победија со 4-2.

Фудбалерот на Манчестер јунајтед во 2016. година сензационално се врати на „Олд Трафорд“, а „црвените ѓаволи“ за неговите услуги платија 105 милиони евра.

Погба се мачеше многу по враќање во Јунајтед, па никако не може да фати добар ритам на подолг период, а се споменува и опцијата дека може да го напушти клубот.

Легендата на Јунајтед, Пол Сколс, смета дека Французинот мора да најде континуитет.

„Тој изгледа како играч кој игра фантастичен натпревар на секои три-четири натпревари. Ако сакате да освојувате трофеи, тогаш тоа не е доволно. Тој мора да игра како што настапуваше во Јувентус. Нема сомнеж дека има квалитет. Тој е силен, физички подготвен, може да трча, има одлична техника, но мора да го користи мозокот малку повеќе за да стане еден од најдобрите“, вели Сколс.