До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Пол Погба во интервју за „Телефут“ истакна дека немал никаков проблем со Жозе Мурињо и дека тоа се само медиумски шпекулации.
„Немам проблем со Мурињо. Јас не сум тој што го избира тимот, прашајте го тренерот доколку сакате да знаете зошто играм помалку. Јас ги почитувам неговите одлуки. Премногу е рано да се зборува за заминување од Јунајтед“- коментираше Погба.
Се повеќе се шпекулира дека Погба не е задоволен во Манчестер Јунајтед, а исто така дека и Мурињо имал поголеми очекувања од Французинот, па можно би било тој да го напушти клубот во текот на летниот преоден рок.















