Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Статистиката покажува дека Пол Погба е нов играч откако замина Мурињо.
Французинот во сите сегменти ја подобри играта, имено, под палка на Солскјер учествуваше во седум погодоци во четири меча, кај Мурињо во 14, имаше само 6 такви акции.
Постигна четири погодоци во четири меча откако Португалецот е сменет од позицијата.
Тој повеќе шутира кај Норвежанецот, околу четири пати по меч, а секој четврти удар му е гол, порано му беше потребно многу повеќе.
Го промени и стилот на игра, па Погба во просек има 88 пасови по меч, што е голем напредок во однос на 64те кај претходниот тренер.
Секако, сега се е подобро, но во медиумите и натаму се провлекуваат приказните дека сака да се врати во Јувентус, дека верува дека во бившиот клуб имал значајна улога и многу поголема поддршка од навивачите. Покрај тоа, Јувентус има поголема шанса да освојува трофеи од Јунајтед.
Се појави приказна дека покрај парите, Јунајтед го бара и Даглас Коста, но тоа е нелогично со оглед на фактот дека Солскјер или кој и да дојде на лето има сосема солидна конкуренција на надворешните позиции.