Подобро враќање не можеше да има – Легендарниот Рикардо Кака по паузата од два месеци постигна погодок (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Орландо Сити го победи Колорадо Рапидс на домашен терен во натпревар од деветото коло во МЛС лигата, 2:0.

Легендарниот бразилски фудбалер и фудбалер на Орландо, Рикардо Кака се врати на терен после опоравувањето на повредата на задната ложа поради која паузираше два месеци.

Кака влезе во игра во второто полувреме и во судиското продолжение го постигна вториот погодок за домашниот тим на овој натпревар.

Карлос Ривак беше стрелец на првиот погодок за Орландо.