Позната казната за Интер по нападите кон Кулибали од трибините на „Меаца“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Синоќа во центарот на вниманието на натпреварот Интер-Наполи, наместо фудбалот и резултатот по него, останаа инцидентите кои се случија со Калиду Кулибали.

Сенегалскиот интернационалец беше навредуван на расна основа од страна на фановите на Интер, а поради тоа клубот кој е третопласиран во Серија А ќе си ја плати својата цена.

Имено, од Серија А одлучија дека Интер следните два домашни натпревари ќе ги одигра без публика, а на третиот натпревар нема да е дозволен влез за навивачката група на клубот која се наоѓа зад еден од головите.