Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Серхио Ромеро веројатно ќе остане во Манчестер Јунајтед и покрај тоа што на негова адреса стигнуваат бројни понуди од клубовите ширум светот.
Аргентинецот очекувано е втор избор зад Давид Де Геа, и од неговото пристигнување на „Олд Трафорд“ постојано е втор голман.
Оваа сезона има само четири настапи во сите натпреварувања, но и покрај тоа ќе остане во клубот и следната сезона.
За 31 годишниот голман има интерес од Италија, Шпанија и од родната Аргентина. Бока Јуниорс силно го посакува Ромеро, но Оле призна дека тој е дел од неговите планови и за во иднина.