Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Вечерва беше извршена ждрепката за 4. коло од ФА Купот по која не добивме некој спектакуларен дерби натпревар.
Иако постоеше можност во оваа фаза од натпреварувањето да се сретнат најголемите фаворити, сепак тоа не се случи.
Манчестер Јунајтед за противник го доби Јеовил Таун, додека Манчестер Сити ќе игра против подобриот од натпреварот Кардиф- Мансфилд. Ливерпул ќе се сретне со ВБА, а Тотенхем ќе игра против Њупорт Каунти.
Челси доколку го елиминира Норвич, со кого ремизираше во првата средба во 4. коло од ФА Купот ќе се сретне со Њукасл.
Сите парови за 4. коло од ФА Купот:
Ливерпул- ВБА
Петерборо- Флетвуд Таун/ Лестер Сити
Хадерсфилд- Бирмингем
Нотс Каунти- Вулверхемптон/ Свонси
Јеовил Таун- Манчестер Јунајтед
Карлајл/ Шефилд- Стивениџ/ Рединг
Кардиф/ Мансфилд- Манчестер Сити
Милвол- Рошдејл
Саутемптон- Вотфорд
Миделсбро- Брајтон/ Кристал Палас
Бурнемут/ Виган- Шрузбери/ Вест Хем
Хал- Нотингем Форест
Њупорт- Тотенхем
Норвич/ Челси- Њукасл
Шефилд Јунајтед- Престон Норт Енд
Натпреварите од 4. коло од ФА Купот се закажани во периодот од 26 до 29 јануари.