Познати потенцијалните долгорочни замени за Мурињо: Зидан прв фаворит, во тесна конкуренција и поранешен фудбалер на „Ѓаволите“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во јавноста долг период се шпекулира за евентуалниот наследник на ЖозеМурињо на клупата на Манчестер Јунајтед.

Сега кога Португалецот и официјално заработи отказ ваквите шпекулации ќе се зголемат, а обложувалниците ќе нудат коефициенти за следниот предводник на Јунајтед.

Прв фаворит според сите обложувалници е францускиот стратег, Зинедин Зидан кој имаше неверојатно добри години во Реал Мадрид. Она што изненадува е вториот фаворит за оваа позиција.

Имено, станува збор за Лорен Блан кој би можел да седне на клупата и како привремен тренер, но и како перманентно решение.

Потоа следат Рајан Гигс, Маурисио Покетино, Гус Хидинг и Леонардо Жардим.