Познати противниците на пријателските натпревари на Вардар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вардар во сабота заминува на подготовки во Анталија. Шампионот таму ќе одигра пет пријателски натпревари, а познати се и противниците.

Црвено-црните во Турција ќе започнат со натпревар против поранешниот европски шампион Стеауа Букурешт. Вториот тест е против рускиот прволигаш Амкар Перм, а потоа ќе играат против Дукла Прага од Чешка. Претпоследниот пријателски натпревар ќе биде против уште еден руски тим Анжи, а серијата на пријателски натпревари се затвора со натпревар против Терек Грозни.

Вардарци во Анталија остануваат до 11 февруари за кога е планирано да се вратат во Скопје. Во моментов екипата се подготвува на тренинг кампот во Скопје.

21.01. – Заминување во Анталија

24.01. – Вардар – Стеауа Букурешт (Романија)

28.01. – Вардар – Амкар Перм (Русија)

02.02. – Вардар – Дукла Прага (Чешка)

05.02. – Вардар – Анжи Махачкала (Русија)

09.02. – Вардар – Терек Грозни (Русија)