Познати составите за натпреварот Србија- Швајцарија: Крстајиќ со една измена од натпреварот со Костарика


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Селекторот на репрезентацијата на Србија, Младен Крстајиќ направи една измена во однос на натпреварот кој „орлите“ го добија со селекцијата на Костарика.

На местото на играчот на Торино, Адем Љајиќ во тимот ќе биде уфрлен играчот на Хамбург, Филип Костиќ.

Швајцарците пак не менуваа ништо од натпреварот со Бразил и на теренот во Калининград ќе излезат со истата постава во формација 4-2-3-1.