Познато каде ќе продолжи Арјен Робен?


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Медиумите во Германија пишуваат дека Арјен Робен од следната сезона би можел да се врати во „својот“ ПСВ Ајндховен.

Холанѓанецот потврди дека ќе си замине од „Алијанц Арена“ кога неговиот договор со Баерн Минхен ќе истече по крајот на оваа сезона.

Во јавноста се шпекулираа неколку клубови како следна дестинација за Робен, а искусниот 35 годишен фудбалер по се изгледа веќе избрал каде ќе продолжи.

„Спорт Билд“ пренесува дека ПСВ ќе биде негова следна дестинација по десет годишниот престој во Минхен. Робен играше во тимот на ПСВ од 2002 до 2004 година.