Познат англиски судија се огласи по исклучувањето на Роналдо


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Цела фудбалска јавност го осуди германскиот судија Феликс Брих дека на Кристијано Роналдо му покажал црвен картон безпотребно, а меѓу критичарите е и познатиот англиски судија Мартин Клатенбург.

Познатиот судија вели дека помошниот арбитар помислил дека Роналдо го удрил со лакт својот противник, па поради тоа добил црвен картон.

„Неговите солзи се докаж колку му падна тешко исклучувањето во дебито за новиот клуб во Лигата на шампиони. Интензитетот на прекршокот не беше голем и не ми е јасно како помошниот судија можеше да му даде таков совет на Брих. Јас не би досудил ниту прекршок во оваа ситуација“, кажа Клатенбург.