Познат португалски стратег призна дека преговарал со Интер и Рома


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот предводник на Порто, Челси и Тотенхем, Андре Виљаш Боаш призна дека имал контакти со челници на Интер и Рома.

41 годишниот стратег е без работа од 2017 година кога си замина од Шангај со цел да вози во најпознатото рели во светот, Дакар.

„Италија очигледно ме интересира. Од техничка гледна точка, таа е една од најтешките лиги. Веќе имав контакти со челниците на Интер, Рома, но и други клубови. Никогаш не стигнавме до формални преговори затоа што веќе бев под договор со други клубови“- коментираше Виљаш Боаш.