Покетино го има решението: Еве што по повредата на Хари Кејн..?!


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Тотенхем наиде на големи проблеми. Сон има обврски со репрезентацијата, Лјоренте би можел да се врати во Шпанија, а Хари Кејн се здоби со тешка повреда.

Кејн ќе отсуствува барем до март, па Тотенхем итно има потреба од замена во нападот. Поради со со Спарси изминативе денови беа поврзувани голем број фудбалери, а само некои од нив се Марко Арнаутовиќ, Џузепе Роси, Един Џеко, Тони Санабриа, Патрик Шик.

Сепак, Тотенхем би можел да се откаже од купување на нов напаѓач во зимскиот преоден рок.

Како што пренесува Дејли Меил, тренерот на Тотенхем Покетико гледајќи го Меси во средбата од Купот на Кралевите против Леванте добил интересна идеја.

Асот на Барселона постигна погодок на позицијата „лажна деветка“, па Покетино почна да размислува за слична улога за некој од своите играчи, а тоа најверојатно би бил Деле Али.

Доколку тренерот на Тотенхем се одлучи за ваков систем, Деле Али, би можел да биде прекомандуван од редот за врска во нападот до пристигнувањето на Хари Кејн.

„Ја гледав Барселона и напаѓач беше Лео Меси… Можеме во нападот да играме со Лјоренте, Деле Али, Ламела, можеме да се обидеме и со некои млади играчи… Челси против нас играше со Азар како напаѓач, кога Мората беше надвор од екипата, а Жиру на клупата“, истакна Покетино кој е сигурен дека неговата екипа може да се носи со изостанувањето на Кејн и без купување на нови напаѓачи.

Покетино одговори и на прашање на новинарите дали Али ќе добие важна улога во текот на отсуството на Хари Кејн?

„Тој е еден од највозбудливите млади играчи. Еден е од најдобрите, ако не и најдобар.. Сето она што го постигна досега доволно говори. Неговиот допринос во екипата во текот на годините беше огромен“, порача тренерот на Тотенхем.