ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино вели дека на Жозе Мурињо му е потребно време за да започне да носи успех во Манчестер Јунатјед.
„Јасно е кога си во голем клуб, како јас во Тотенхем, дека притисокот е поголем, дека секогаш се бара победа. И секако дека секогаш има критики доколку резултатите не се такви какви што се очеквуаат. Потребно е време кога се започнвуа нов проект“, изјави Покетино.
Манчестер Јунатјед се наоѓа на шестото место на табелата во Премиер лигата со осум бода помалку од првопласираниот Ливерпул, додека Тотенхем е едно место над „црвените ѓаволи“ со три бода повеќе, а во следното коло го дочекува градскиот ривал Вест Хем.