Покрај засилувањата, навивачите на Рома може да бидат задоволни и со фантастичните дресови (Фото)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од таборот на Рома веќе ги претставија првите два дреса со кои ќе играат во новата сезона, а во следниот период ќе бидат претставени и третите дресови на тимот.

Може да се каже дека од „Најк“ најмногу погодија со дресовите на Рома правејќи три одлични гарнитури на италијанскиот клуб.

Веќе знаеме како изгледаат домашните и гостинските дресови, а сега протекоа слики и од третите дресови. „Најк“ исто како и во случаите со Барселона, Тотенхем и Челси, и на дресот на Рома ќе постави мотиви од градот Рим. На дресот на „Волчицата“ ќе биде дел од мапата на Рим и се тоа изгледа перфектно од секој аспект.