Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Излегувањето на Велика Британија од Европската унија ќе предизвика големи промени во животот на луѓето, но исто така ќе има влијание и на Премиерлигата.
Иако се обидуват да ја одвојат политиката од спортот, во случајот Брегзит, клубовите од врвот на Премиерлигата би можеле да останат без многу странски фудбалери.
Фудбалската Асоцијација на Англија предложи бројката на странски фудбалери да се намали на 12 од сегашните 17, колку што имаат клубовите во моментот.
Постои голема желба да се зголеми бројот на англиски фудбалери во Премиерлигата, зашто во 1992 година дури 70% од фудбалерите биле Англичани, додека таа бројка во 2019 година паднала на само 33%.
Постои голема загриженост кај фудбалерите, но постои и олеснителна околност, а тоа е дека за странци нема да се сметаат фудбалерите кои пред да наполнат 21 година веќе поминале три сезони во англиски клуб.