Полицаец го снимал патот на автобусот на Бока, а камења летале на сите страни! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите на Ривер плејт направија голем инцидент пред Суперкласико во Буенос Аирес, кога го каменуваа автобусот на Бока јуниорс и повредија неколку фудбалери, па реваншот од финалето во Копа Либертадорес мораше да биде одложен.

Најпрво требаше дуелот да се игра во сабота, па потоа беше одложен за недела, но на крајот не се одигра ниту тогаш на стадионот „Монументал“, а сега не е познат новиот датум кога би можел да се игра.

Што се случуваше во сабота покажа еден полицаец, кој го снимил патот на автобусот на Бока до „Монументал“, а може да забележите како летаат камења на сите страни.