Полска во финишот поразена – Бјорнсен и донесе победа на Норвешка


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ракометарите на Норвешка ја совладаа репрезентацијата на Полска во натпревар од првото коло од групата А со 20:22.

Подобро во натпреварот влегоа полјаците. Томасз погоди два пати во низа за водство на Полска, 2:0. Норвежаните постигнаа три погодоци во низа, 2 Хансен и 1 Бјорнсен за 2:3. Дашек со двата погодоци во низа го врати водството на Полска, 6:5. Потоа се играше гол за гол се до 20-та минута. Бјорнсен, Јондал и Сагосен погодија за водство на Норвешка, 8:10. На полувреме норвежаните имаа водство од два погодоци, 10:12.

На почетокот на второто полувреме Дашек и Томасз го израмнија резултатот, 13:13. Еспен Лие Хансен на тоа одговори со два погодоци во низа, 13:15. Полјаците со погодоците на Гиерак и Прзибилски повторно го израмнија резултатот, 15:15. До 50-та минута потоа се играше гол за гол и беше израмнет резултатот, 20:20. Следуваше мирување на мрежите пет минути, а Бјорнсен со два погодоци во низа ја прекина таа неефикасност и донесе победа на својата репрезентација и ги постави конечните, 20:22.

Еспен Лие Хансен со 6 погодоци ја предводеше Норвешка до победа. Кристиан Бјорнсен постигна 5 погодоци. Кај Полска најефикасен беше Михал Дашек кој го заврши натпреварот со 100% учинок, 7 од 7. Гебала Томасз постигна 6 погодоци.