Пол Џорџ го однесе тимот до нова победа – Индијана на чекор од плеј-оф!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Индијана на гостувањето кај Филаделфија стигнаа до важна победа од 120:111.

Индијана полека, но сигурно оди кон плеј-оф, иако постојат теоретски шанси на 7-то место да ги преминат Чикаго и Мајами.

Најдобар во редовите на Индијана беше Пол Џорџ со 27 поени, со 2 скокови и 5 асистенции. Одлични игри имаа и Јанг со 20 поени и 8 скокови, како и Мајлс со 18 поени и 13 скокови.

Во редовите на Филаделфија најдобар беше Кабарот со 24 поени додека Холмс постигна 17 поени.