„Поминував низ тежок период, но тоа е зад мене!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Милан вчера на домашен терен го победија Киево со 3:1 во рамки на 27-то коло во Серија А.

Милан пред своите навивачи успеа да стигне до нови три бодови, а одличен натпревар одигра Бака кој постигна 2 голови.

Бака можеше да стигне и до хет-трик, но во финишот на првиот дел промаши пенал.

Колумбиецот во поголемиот дел од сезоната беше резервна опција за Монтела, но во последно време успеа да ја искористи шансата која ја добиваше.

„Поминував низ тежок период и не постигнував голови. Сепка, чувствував дека и тогаш имав поддршка од публиката, соиграчите и тренерот. Работев уште повеќе за да на крајот се исплати. Среќен сум што постигнав два голови.“