Помладиот брат на Стеф Кари си најде нова екипа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот бек на Далас маверикс, Сет Кари потпиша двегодишен договор со Портланд.

Вториот син на поранешниот НБА-кошаркар Дел Кари и помлад брат на ѕвездата на Голден Стејт, Стеф Кари, последните две сезони ги помина во Далас.

Сепак, минатата сезона не играше бидејќи во октомври дозна дека има повреда на потколеницата, поради што на почетокот на 2018. година мораше да прави операција.

На крајот на сезоната стана слободен агент, а за неговите услуги се заинтересира Портланд, со кој потпиша договор и во првата сезона ќе добие 2,75 милиони долари.

Бекот во кариерата во НБА лигата во просек постигнуваше по 10,2 поени, 2,1 скокови и 2,2 асистенции.