Понуда за Кејн која тешко може да се одбие


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Напаѓачот на Тотенхем Хари Кејн може кариерата да ја продолжи во Серија А.

    Овој одличен напаѓач на масата има понуда од Милан, а Росонерите за неговите услуги се спремни да издвојат дури 85 милиони евра.

    Иако Спарси најавија дека Кејн со новиот договор ќе стане најскапо платен играч во историјата на клубот, Милан спреми понуда која не се одбива.

    Спремни се да издвојат дури 85 милиони евра за трансфер, па Кејн може да стане едне од најскапите фудбалери на сите времиња. Пред него се само Погба, Бејл, Игуаин и Роналдо.