Поради закани по живот кон него и неговото семејство, Фернандињо и стави крај на кариерата во националниот дрес на Бразил?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер Сити, Фернандињо одби да игра за Бразил поради заканите кои му се упатени нему и неговата семејство.

На крајот на Светкото првенство, Фернандињо како што се наведува добил закани, па на семејството му ветил дека повеќе нема да настапува за националниот тим.

Го откри тоа селекторот на Бразил, Тите, велејќи дека е „првиот играч кој сакав да го видам во екипата после СП, а Фернандињо кој е вонсериски играч и дава се од себе.

По разговорот со него, ми беше јасно дека во тимот имам несреќен играч. Јавноста беше многу крута кон него, а семејството му добиваше закани. Поради тоа не е подготвен да се врати. Се надевам дека еден ден ќе биде поинаку“, истакна Тите.

Беше член на селекцијата која е поразена од Германија на Мундијалот во Бразил со 7:1, а против Белгија летово во полуфиналето во Русија постигна автогол.

Фернандињо од 2013. година е во Сити и на 181 меч постигна 18 погодоци, додека во дресот на Бразил на 49 дуели постигна два погодоци и еден автогол.