Поради Мурињо, Рамос се разбуди и прави нови проблеми во кралскиот клуб …


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал синоќа конечно ги израдува своите навивачи. Имено, Мадриѓаните во рамки на Купот на Кралевите го совладаа Леганес со 3:0, но далеку од тоа дека атмосферата во шпанскиот клуб оди на подобро.

Сантојаго Солари е на излезна врата, а како негов наследник се споменува Португалецот, Жозе Мурињо. Мурињо е без ангажман по разидувањето со Манчестер Јунајтед, но шпанските медиуми пренесуваат дека наскоро повторно би можеле да го видиме на клупата на Реал.

Сепак, одреден број играчи како што се наведува не сакаат да дојде Мурињо, а ги предводи Серхио Рамос кој не е од оние кои го симпатизираат темпераментниот Португалец.

Рамос дури на претседателот Перез му кажал да одлучи со зборовите „или Мурињо или јас“, што секако ќе донесе дополнителни проблеми во соблекувалната на Реал.

Капитенот на Мадриѓаните сигурно игра голема улога кога е во прашање новиот тренер, па Парез и друштвото ќе се најдат на голема мака доколку Мурињо биде нивниот избор. Тој според пишувањето на шпанските медиуми е за останување на Солари.

Рамос нешто порано истакна дека капитените немаат таков вид на одлука.

„Никој не може да каже кого би сакале за тренер. Капитените немаат таков вид одлука. Ние веќе пет години сме без Мурињо, а се уште зборувате за него, иако се освоивме. Солари е наш тренер и мораме да го почитуваме“, јасно порача капитенот на Кралевите, Рамос.

Потоа стоперот на Реал дојде до општи заклучок…

„Мадрид имаше многу тренери: некои освоија повеќе, некои помалку, постојат кругови кои почнуваат и завршуваат. Кој и тренер да пристигне, ние играчите сме настојувале да ги почитуваме сите негови замисли и наредби“, истакна Рамос.