Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Премиерен пораз на лидерот Работнички во Првата лига.Во последниот натпревар во 2016 година искусниот состав на Работнички на гостувањето кај вицешампионот Куманово дури по дополнителни 5 минути го претрпе првиот пораз во обогодинешната сезона.
Работнички во супер неизвесен и драматичен меч загиби од Куманово со 86-83, по регуларните 40 минути резултатот на семафорот гласеше 74-74. Во продолжението од 5 минути многу подобро се снајдоа домашните кошаркари кои со поддршка од шестиот играч публиката заслужено стигнаа до посакуваниот успех.
Данило Мијатовиќ и новото засилување Браун со заедничка реализација од 46 поени, го запреа победичкиот низ на Работнички во Првата лига.
Во дербито на долниот дел на табелата Пелистер на домашен терен славеше значајна победа над АВ Охрид од 72-70. На две секунди пред крајот прашањето на победникот го реши Фил за 72-70 и трета победа на пелистерци во нашето најсилно првенство. Инаку најефикасни во победничкиот тим на Пелисрер се Анакиевски со 1 и Андрејевиќ со 17 поени. Во редовите на АВ Охрид двоцифрен број на поени постигнаа Младеновиќ 15 и Јаневски и Михајловски по 14 поени.
На дербито во Јасмин добрата игра на кошаркарите на Малинков во втората и третата четвртина беше доволна со победа над Кожув од 88-82, со која кавадарчани го задржаа второто место на табелата зад лидерот Работнички. Интернационалците Чешковиќ и Шарабизе со по 19 поени беа предводниците на Фени до седмата победа во Првата лига, . Кај Кожув најефикасен е Мек Нил 20 поени.
Кошаркарите на Струмица беа немилосрдни кон младиот тим на Вардар . На гостувањето во Кале гостите од Струмица славеа убедлива победа над Вардар од 93-62. Најрасположени за постигнување на поени вечерва во победничкиот тим на Струмица беа Зивчевиќ со 20 и Димчевски со 17 постигнати кошеви.