Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот потпретседател на Меѓународната фудбалска федерација Хуан Анхел Напут е осуден на девет години затвор поради корупција во текот на својот мандат.
Хуан е еден од функционерите кои беа обвинети во текот на големиот скандал со мито и корупција. Во тоа време беше претседател на КОНМЕБОЛ, а пресудата му е донесена во Њујорк.
Во пресудата пишува дека Хуан е осуден на девет години затвор поради корупција и учествување во измама. Покрај затворската казна, Напут ќе мора да плати и 4,3 милиони долари.
Пресудата доаѓа откако на четири години затвор беше осуден поранешниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Бразил, Хозе Марија Марин, исто така за корупција.