Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Арсенал и сегашен на Розенборг, Никлас Бендтнер, ќе мора да отслужи затворска казна од 50 дена бидејќи судот во Копенхаген денеска ја одби неговата жалба.
Бендтнер на почетокот на ноември беше прогласен за виновен за физички напад на таксист на деветти септември во Копенхаген.
Поранешниот репрезенаттивец на Данска призна дека го удрил таксистот, но кажа дека тоа го направил во самоодбрана по караница околу цената за превозот.
Државниот обвинител на својот Твитер профил напиша дека пресудата е конечна, но не е откриено кога Бендтнер ќе ја отслужи казната.