Поранешен фудбалер на Ливерпул го нападна Шаќири: Тој не е играч за клучни натпревари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот играч на Ливерпул, Чарли Адам, кој одреден период беше соиграч во Стоук на новото засилување на „Црвените“, Џердан Шаќири, го предупреди тимот за неговиот пристап кон играта.

Адам го опиша Шаќири како топ играч кој заслужува да биде во клуб како Ливерпул, но посочи дека неговата посветеност во клучните моменти во борбата за опстанок со Стоук не била баш на најзавидно ниво.

„Тој е голем играч, играше добро во одреден период за нас. Но во клучни ситуации, чувствував дека не го даваше тоа што ни беше потребно, посебно во битката за опстанок. Шаќири е играч кој може да донесе победа на натпревар, но понекогаш е тешко да се игра со него во ист тим“- коментираше Адам за БиБиСи.