ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Ливерпул и ѕвездата на Борнмаут, Џордан Ибе неодамна се нашол во многу непријатна ситуација.
Хулиганите во јужниот дел на Англија го пресретнале на улица и со закани со нож му го одзеле часовникот од марката „Rolex“ вреден 25,000 фунти.
Британските медиуми објавија дека истрагата е во тек, и дека се уште се работи на прибирање на докази и дека еден од разбојниците му извадил нож на Ибе.
Овој инцидент се случил на 6. октомври на речиси идентично место каде што беше ограбен и напаѓачот на Вест Хем, Енди Керол, враќајќи се од тренингот неколку дена порано.