Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Ли Шарп верува дека Жозе Мурињо ги живее последните месеци како тренер на Манчестер Јунајтед.
Шарп очекува Португалецот да си замине од „Олд Трафорд“ најдоцна до Божиќ, пред се поради катастрофалната атмосфера во тимот.
Уште непочнати, „Ѓаволите“ влегоа во криза по поразот од Брајтон од 3:2. Поразот не боли толку многу колку што боли играта против тимот кој пред само една недела беше „топовско месо“ за Вотфорд.
„Мурињо е погрешниот човек за работа во Манчестер Јунајтед. Кога дојде во Челси, првиот пат беше шармантен и интересен, но сега тој изгледа грозен и презирен. Фудбалот кој го игра не е привлечен, а она што работата ја прави дупло потешка е тоа што неговите ривали Манчестер Сити и Ливерпул играат доста допадлив фудбал“- коментираше Шарп.