Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Челси, Реал Мадрид и Милан, Микел Есиен кариерата ја продолжува во Азербејџан, односно во Сабаил, каде што ќе му биде соиграч на македонскиот интернационалец Томе Китановски.
Овој 36-годишен фудбалер од Гана точно една година беше без клуб, од заминувањето од индиски Персиба, а сега во новата средина ќе има улога и на тренер на тимот до 19 години.
Есиен кариерата ја почна во Бастија, а потоа се пресели во Лион, преку кој за 30 милиони евра замина во Челси, каде што помина девет години и играше одлично.
Со екипата од Лондон освои две титули во Премиерлигата и Лига на шампиони, а има играно и за Милан, Панатинаикос и Реал Мадрид.