Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед се пресели во Втората турска лига


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Андерсон, откако неколку години луташе по бразилските тимови повторно се реши да се врати во Европа.

Сепак, овој бразилски играч од средниот ред, пронајде помалку неочекуван ангажман затоа што во новата сезона ќе настапува во Втората туркса лига.

Имено, денес турскиот второлигаш Адана Демирспор и официјално го потврди трансферот на Андерсон.

30 годишниот фудбалер одреден период важеше за еден од најдобрите играчи во средниот ред на светот, но неговите повреди го спречија кон планираниот фудбалски раст, па сега ќе мора да се задоволи само со играње во втората турска лига.